Убавина

Припремете ги усните за бакнување! Па Валентајн е :)))

Усните можеби се најпривлечниот дел од нашето лице. Кога се меки, нежни и румени едноставно самите „бараат“ бакнежи. Затоа треба постојано да ги негувате и да ги храните со хранливи маски.

Студеното време и ветерот ги сушат и ги оштетуваат усните, па доаѓа до пукање и груби усни. Затоа во зима треба да посветите екстра внимание и нега за да имате здрави и привлечни усни.

Иако на пролет и есен се советува да се измијат усните со четкичка за заби, тоа избегнувајте да го практикувате во зима. Со тоа може да направите повеќе штета отколку корист. Наместо тоа, ви препорачуваме усните да ги измиете и истриете со фротирна крпа која ќе ја натопите во изладен чај од камилица. Со тоа ќе ги отстраните мртвите клетки од усните, ќе ја смирите иритацијата и ќе ги хидратизирате.

Исто така многу е корисно за вашите усни да купите или пак да направите домашна хранлива маска која ќе ги нахрани вашите усни и ќе им ја врати влажноста. И за крај се разбира, никако не заборавајте да нанесете балзам за усни, по можност со заштитен УВ фактор!

 

Напиши коментар