Убавина

Природен пилинг од шеќер и гриз

Отстранете го мртвиот слој на клетки на лесен и природен начин. За тоа може да ви помогнат шеќерот и гризот.

Шеќерот содржи природна кликолна киселина, состојка која најчесто е застапена во козметичките производи кои ја имаат токму оваа намена, чистење на лицето. Ставете една лажица шеќер во една лажица мед или во кремата која ја користите. Убаво истријте ја кожата со кружни, нежни движења.

Гризот исто така се препорачува како средство кое ќе ги отстрани мртвите клетки. Тој особено се препорачува на оние кои имаат чувствителна кожа. Ставете една лажица гриз во мешавина од мед и млеко. По овој третман кожата ќе биде свиленкасто мека.

Напиши коментар