Здраво тело

Природни лекови од кујната

Со помош на рецептите од народната медицина може да најдете лек за болести и проблеми кои современата медицина не може да ги овозможи.

Ѓумбирот ги смирува болките во стомакот

Чајот од ѓумбир се користи како лек за болки во стомакот. Тој се препорачува и на трудниците кои имаат проблем со утинските мачнини. Чајот подгответе го така што во 2 дл топла вода ќе ставите една супена лажица изрендан ѓумбир. Оставете го да отстои 10 минути, а потоа процедете го.

Тиквата лечи проширени вени

Лекот за уморни нозе и проширени вени е тиквата. Изрендајте едно парче свежа тиква и смесата ставете ја на критичните места. Ефектот ќе го забележите уште по првиот третман.

Лимонот и медот го зајакнуваат имунитетот

Ако сакате да го зајакнете имунитетот припремете смеса од 4 лимона, 300 гр ореви, 150 гр суво грозје и 200 гр моркови. Сето ова смелете го на машина и на смесата додајте и еден килограм мед. Јадете од оваа смеса по три пати на ден пред јадење.

Напиши коментар