Убавина

Природни маски за лице

Зошто залудно да трошите пари и да купувате препарати за кои не сте сигурни дека можат да бидат делотворни? Најдобро е сами да направите маска за лице од свежи намирници од кујната. Маските за лице кои ви ги предлагаме  гарантираат успех. Уверете се сами…

Маска за млада кожа

Доколку сакате вашата кожа да биде млада , здрава и еластична, направете маска од банани и измешајте ја со 1 лажица кравјо сирење и 1 лажица павлака. Оваа смеса нанесете ја на лицето и држете ја 20 мин. Измијте ја со млака вода.

Маска за свиленкаста кожа

За свиленкаста кожа на лицето, употребете ја маската од краставица и млеко. Краставицата темелно чисти и го освежува лицето, а млекото богато со витамини и протеини ја храни кожата и ја чини мека и сјајна. Излупете една краставица , испасирајте ја а потоа измешајте ја со лажичка млеко. Смесата нанесете ја на лицето , легнете на кревет, оставете ја маската да делува 20 мин, а потоа измијте со млака вода. По третманот од краставица и млеко, вашата кожа ќе стане почиста и помека.

Маска за иритирана кожа

За иритирана кожа идеална е маската од диња. Дињата е богата со витамини А и Ц и минерали. Витаминот Ц учествува во создавањето на колагенот, ја прави кожата свежа и го успорува стареењето. За да ја смирите иритираната кожа, направете маска од испасирана кришка од диња, нанесете ја на лицето и вратот. Оставете ја да делува 30 мин, а потоа измијте ја со млака вода. Маската од диња се препорачува и за личности со сува кожа.

Маска за зрела кожа

Доколку сакате да го поттикнете регенерирањето на кожата и да ги ублажите брчките, направее маска за зрела кожа. Изгмечете ја бананата со вилушка, додадете лажичка ливадски мед, лажичка маслиново масло и капки од етерично масло од лаванда. Добиената смеса држете ја на лицето 20мин, а потоа измијте ја со млака вода . Маслото од лаванда ја прави кожата помека и ја регенерира, а медот спречува пеги и флеки, ја одржува еластичноста и влажноста на кожата и го успорува нејзиното стареење.

Напиши коментар