Убавина

Природни маски за сите типови на кожа

За кожата да го задржи сјајот и еластичноста потребна е нега и редовни третмани. Luis Mekon авторот на книгата “Тајните на Холивудската убавина„ и Elda Argenti сопственичка на линија за нега на кожата, препорачуваат ефикасни маски за лице кои може да ги направите сами.

Пред третманот пуштете си ја омилената музика, ако имате долга коса соберете ја и исичистете ја шминката. Измијте го лицето со топла вода.

Мед и јаболков оцет за хидратација на кожата

Ако имате сува кожа, измешајте две лажички мед и лажичка јаболков оцет или лимонов сок. Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете да делиува 20 мин. Измијте го лицето со млака , па со студена вода. Јаболковиот оцет ја урамнотежува pH вредноста на кожата.

Спречува црвенило , избелива лузни

Смесата од две лажички кисело млеко, две лажички мед и лажичка јаболков оцет или лимонов сок, нанесете на чисто лице и оставете да делува 20 мин. Измијте го лицето со млака , па со студена вода. На овој начин се хидраира кожата, бледеат белезите од акни и се спречува црвенилото.

Пилинг за сјајна кожа

Измешајте лажица мед и маслиново масло. Овесните снегулки потопете ги во малку вода, да добиете густа смеса, па додадете ги медот и маслото. Нежно втријте ја масата подалеку од очите. Измијте го лицето со топла вода и ицушете го лицето.

Природна маска за секој ден

Помешајте лажица јогурт со две лажици маслиново масло и пола лажица сок од лимон. Измасирајте го лицето со добиената смеса, па избишете се со пешкир натопен во млака вода. Оваа маска може да се употребува секој ден.

Напиши коментар