Убавина

Природни масла за лице без акни и брчки

Методите на чистење на лицето со растително масло во последно време добиваат се поголемо внимание поради одличните резултати што се постигнуваат.

Ви предлагаме на вас неколку масла кои ќе ви помогнат вашето лице да биде без брчки и акни:

1.Бадемово масло- природна крема

Бадемовото масло одлично ја освежува сувата кожа. Брзо се апсорбира и спречува загуба на влага, а помага при намалување на темните кругови околу очите настанати од умор. Богат е со витманин Е и го успорува создавањето на брчки.

2.Масло од авокадо- против стареење

Ова масло е богато со витамин А, Ц, Д и Е, а посебно се препорачува за зрела кожа. Во летните денови е посебно добро бидејќи ја задржува хидратацијата на кожата, а доколку добиете изгореници на сонце, маслото од авокадо ќе ги ублажи.

3.Лаванда- за акни, иритации и изгореници

Маслото од лаванда содржи антисептички својства кои ќе и помогнат на кожата за решавање на акни и мозолчиња. Ефикасно е во лечење од убоди на инсекти и лекување на рани. Ова масло делува најдобро кога се комбинира со камилица.

4.Масло од морков- за заштита од сонце

Маслото од морков е исклучително богато со бета каротин, а ја одржува еластичноста на кожата и ја намалува штетата предизвикана од ултравиолетово зрачење. Маслото од морков содржи антиоксиданси кои ги штитат клетките на кожата од штетните слободни радикали.

5.Масло од јаглика- за сува кожа. Маслото од јаклика е идеално за сувата и испукана кожа.

 

Напиши коментар