Убавина

Природни мелеми за изгореници од сонце

Бидете внимателни при секое изглегување надвор. Без разлика дали сте директно изложени на сонце, или седите под сенка, мора да се намачкате со крема која има заштитен фактор.

Доколку дојде до изгореници ова се природни мелеми кои ќе ви помогнат:

Земете газа и потопете ја во масло од лаванда. Ставете облоги и оставете нека делуваат. Постапката може да ја повторите неколку пати.

Три лажици суви цветови од кантарион прелијте ги со 2дл маслиново масло. Оваа смеса ставете ја во стаклен сад да стои десет дена. Со неа мачкајте ги изгорениците.

Ако изгоирениците не се многу големи ставете пченкарно брашно, тоа ќе ја смири болката. Може да направите и каша од пченкарно брашно со вода и директно да ја нанесете на изгорениците.

 

Напиши коментар