Убавина

Природни мелеми за побрз раст на косата

Доколку сакате да го поттикнете растот на Вашата коса или имате проблем со опаѓање и ретчење, правете го тоа на сосема природен и здрав начин.

Различните растенија можат да зголемат природниот процес на раст на косата. Сите тие го зголемуваат протокот на крв во скалпот на главата и така го осигураат и гарантираат процосеот на раст и зајакнување на косата.

Зелен чај

Одличен препарат за брз раст на косата, бидејќи содржи многу антиоксиданти. Можете да го пиете, користите како шампон, лосион…

Компир

Водата во која го варевте компирот никогаш не ја фрлајте. Со неа можете да ја исперете косата, а потоа нанесете го Вашиот омилен шампон.

Масло од грозје

Топлото масло од семките од грозје втрлајте го во косата пред спиење. Правете го тоа 2 до 3 пати неделно. Резултатите ќе бидат изненадувачки. Неверојатна успешност и кај мажите кои имаат проблем со опаѓање на косата.

Маска од јајца

Помешајте едно јајце со 50 грама маслиново масло. Мешавината нанесете ја на косата, замотајте ја косата со фолија и оставете да дејствува еден час. По тоа исперете ја косата со благ шампон и нанесете балзам. Применувајте ја оваа маска еднаш неделно.

Write A Comment