Здраво тело

Природни намирници кои го намалуваат апетитот

Јадете и држете ја гладта под контрола!

Можно е да се конзумира храната и од неа да слабее! Кајо? Постојат одредени продукти кои функционираат така што не заситуваат и го држат апетитот под контрола. Можеби резултатите од нивното конзумирање нема да бидат очигледни и брзи како што е кога се ставаме на драстичен режим на исхрана, но можете да бидете сигурни дека јадете здраво и рамномерно, а со самото тоа му правете и услуга на своето тело. Што тогаш треба да се јаде.

ЈАБОЛКА

Ако го анализирате менито на лицето кое држи диета, на него сигурно ќе ги пронајдете јаболката. Тие се богати со растворливи влакна и пектин – супстанца одговорна за чувството на ситост. Поточно тој се наоѓа во кората на јаболката, затоа не лупете ги ( под услов да знаете дека не е прскана со штетни хемикалии). Не јадете јаболко по оброкот, туку пред, за да внесете помалку храна за време на оброкот – помалку калории.

Консумацијата на јаболка исто така претставува држење на шекерот во крвта под контрола, а воедно не снабдуваат и со енергија.

ВОДА

Голем број од населението не внесува ни приближно доволно вода колку ни порачуваат струњаците. По правило,  дехидрацијата ја заменуваме со глад! Постои едноставно решение за тоа – дневно испивајте по 2 литри вода. Почнете го денот со чаша млака вода, испијте чаша штом ќе стигнете на работа или факултет. Пред меѓуоброците испијте малку вода, а остатокот додека грицкате (нешто здраво)… Можеби почесто ќе одите во тоалет, но сигурно ќе бидете поздрави, помалку ќе се задржуваат токсините во организмот и нема да чувствувате глад.

Не мора да останете само на вода – пијте зелен чај, или сокови од овошје и зеленчук. Најдобри се оние свежо исцедени, бидејќи купечките можат да содржат премногу шекер.

ПИЊОЛИ И БАДЕМ

Стручните лица тврдат дека влакната кои се наоѓаат во бадемот всушност ја блокираат абсорпцијата на маснотиите во организмот и со тоа го потиснува апетитот. На тој начин поединци полесно ја контролираат телесната тежина, нивото на холестеролот, и воопшто поздраво срце. Освен тоа , бадемите наголемо го засилуваат чувството на ситост бидејки содржат протеини.

Пињоли, се семки од медитерански бор кои можат да се јадат, содржат пиноленска киселина кои стимулираат одредени сензори во мозокот одговорни за давање сигнали за чувствот на ситост. Нивното крем бело „месо“ има млечен вкус, и е богато со аминокиселини. Јадете ги сурови или малку печени, но избегнувајте да ги солите.

ЛУТИ ЗАЧИНИ

Многу зачинетата храна може да го забрза метаболизмот и согорувањето на маснотиите на природен начин а воедно и го попречува апетитот така што привремено го „умртвува“ осетот за слатко на јазикот. Според некои истражувања, додавањето половина лажичка бибер може да го засили вкусот на јадењето кое го подготвувате, но и му овозможува на телото да согори повеќе маснотии. Следен чекор? Почнете да користите чили пиперчиња.

Напиши коментар