Sweet Home

Привилегијата да се живее на мексиканскиот брег

Навистина, да се живее во ваков дом е привилегија, што малкумина од нас ја имаат. При описот на оваа куќа ќе ги употребиме буквално сите суперлативи, затоа што дефинитивно заслужува. Изградена е со префинет и истенчен вкус и големо внимание посветено на деталите и функционалноста. Стаклени тераси што ви го нудат морето на дланка, внатрешни градини и површини исполнети со вода, елеганцијата на белата боја во просторот и кафеавото дрво што дава топлина и удобност. Каде и да погледнете, станува збор за безпрекорно завршена работа.  Погледнете ја само уникатната впечатлива декорација од обоено старо дрво. Феноменално!

 

 

Write A Comment