Убавина

Пробајте го еликсирот на убавина: вишни за нега одвнатре и однадвор

Иако вишните и во смрзната состојба се полни со антиоксиданти, сепак, најздрави се кога се консумираат сирови.

Третман против стареење

Исчистете една рака вишни и кратко варете ги. Ставете ги во блендер со лажица мед и една банана. Со добиената смеса премачкајте го претходно исчистеното лице и вратот. По 20 минути измијте се со млака вода.

Против првут

Сварете чај од листови од цреши, вишни, јагоди и љубичици. Со овој чај испирајте ја косата по секое нејзино миење. Доколку имате повеќе првут во оваа течност додадете и три лажици јаболков оцет.

Против отоци

Неколку листови од вишна потопете ги во врела вода. По неколку минути извадете ги и оставете ги нека се изладат. Потоа ставете ги како облога на капаците и околу очите.

Напиши коментар