Убавина

Пробајте ја маската за лице на Грета Гарбо

Холивудската актерка Грета Гарбо била синоним за убавина и светол тен. Ако сакате да имате светол и нежен тен како оној на Грета Гарбо тогаш пробајте ја нејзината маска за лице.

Три лажици младо сирење и една лажица мед. Убаво измешајте ги состојките така што ќе добиете кремаста смеса. Нанесете ја смесата на лицето, а особено во пределот околу усната и очите. Оставете нека делува 20 минути. Потоа земете памук и потопете го во топло млеко. Со него исчистете го лицето. Оваа маска ја чисти и ја освежува кожата.

Напиши коментар