ШоуБиз

Продаваат марихуана под името на Ајви Блу!

Новородената ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви секој ден станува сè попопуларна. Деновиве нов вид на марихуана почнал да се продава низ Холивуд, а дрогата го носи токму нејзиното име.

Името што дивата Бијонсе го одбрала за своето прво дете, стана име и на марихуана. „ОГ Блу Ајви“ се продава низ Холивуд како нов ланец на „трева“. Дилерите заработуваат на името на бебето. Бијонсе и Џеј Зи не се никако поврзани со дилањето, но можно е да се појават на суд поради злоупотребата на името на нивното бебе.

На пет дена по раѓањето, Ајви Блу е првата личност во историјата што на таа возраст котира на Билборд листата, со песната „Glory“ која таткото ја снимил по повод нејзиното раѓање.

Напиши коментар