Убавина

Професионални мејкап трикови кои мора да ги знаете

Сите знаеме колку огромна сила има шминката и за нејзината моќ на трансформација. Денес ќе разгледаме неколку професионални мејкап трикови кои ќе ви помогнат многу за да го постигнете посакуваниот ефект. Ако веќе се шминкате, треба да знаете и како!

* Како се работи со бел молив и светли сенки за да ги истакнете очите и да направите да изгледаат визуелно поголеми:

Eye Brightening Makeup Tutorial on our blog today!

* Правилно нанесување на ајлајнер. Како што ќе видите, ајлајнерот не се нанесува по должината на целиот капак, туку се почнува некаде после првата третина од капакот. Еве како изгледа процесот на нанесување:

winged liner

* На илустрацијата што следува ќе видите како со помош на минимална шминка се постигнуваат очигледни резултати. Во случајов се употребени само црн молив и маскара. Многу е важно да научите да користите четки за шминкање. Факт е дека без четки нема професионална шминка.

Natural make up

* Ако не знаете која боја да ја изберете тогаш одлучете се за нијансите на кафеавата боја. Ова е топла и земјена боја која прилега со сите бои на очи и е универзална за комбинирање. Погледнете како изгледа нанесувањето на кафеави сенки за очи почнувајќи од насветлата нијанса па кон најтемната. Секогаш финиширајте со маскара!

neutral smokey eye.

smokey eye

* Црвениот кармин секогаш комбинирајте го само со ајлајнер и маскара. Црвената боја е интензивна и не трпи тешка шминка на очите. Дури и само маскара е доволна ако оди во комбинација со црвен кармин.

classic style

* Ако сте љубители на сенки за очи во живи бои, треба да знаете дека усните мора да бидат со кармин во месо боја, бежови или кремави нијанси или пак безбоен сјај за усни.

Lilac pastels & matte nude lipstick

* Ако пак се одлучите за кармин во интензивна боја, на очите се нанесува минимална шминка.

 

1 Коментар

Напиши коментар