Мојата кујна

Профитероли

Згответе крцкави, воздушести профитероли, и филувајте ги по желба !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 20 мали или 10 големи профитероли – крофни )

35 грама путер

75 грама брашно

2 јајца

½ лажичка сол

Начина на подготовка:

Во сад ставете 1,3 децилитри вода, 30 грама путер и сол. Почекате водата да зоврие.

Во зовриената вода ставете го брашното и мешајте, додека не добиете компактна смеса без грутки.

Тргнете ја смесата од оган и додадете ги јајцата. Измешајте убаво.

На тепсија за печење која претходно сте ја намастиле со масло или путер редете мали топчиња од тестото. Сторете го тоа со лажица. Печете во претходно загреана рерна  на 210 степени целзиусови 20 минути ( не ја отворајте рерната во првите 15 минути ).

Печените профитероли оставете ги да се оладат.

Според Ваша желба можете да направите благи крофни или солени закуски.

Солени закуски можете да направите доколку го филувате профитеролите со паштета, руска салата или со некој друг вид на солен намаз.

Уживајте!!!

Напиши коментар