Мојата кујна

Профитероли

Ова е прекрасен десерт, ако не сте го пробале сега е право време

Потребни состојки за тестото:

–       125 мл вода

–       пола лажичка сол

–       60 гр маргарин или путер

–       80 гр брашно

–       2 јајца

Потребни состојки за филот:

–       1 кесичка шлаг керм од ванила

–       100 гр шлаг

За прелив:

–       100 гр чоколада, по ваш избор

–       100 мл слатка павлака

Подготовка за тестото:

Водата со маргаринот исечен на парчиња ставете ги на оган додека не почне да врие. Намалете ја температурата и одеднаш ставете го брашното. Брзо мешајте додека смесата не се изедначи. Одма тргнете го садот од оган. Оставете малку да се излади па ставете ги јајцата едно по едно со постојано мешање. Кога ќе добиете убава сјајна смеса, ставете хартија за печење на еден плех и додека е тестото топло ставете го на хартијата со помош на шприц или лажици.

Печете 20 минути на температура од 220 степени. Кога ќе бидат готови извадете ги и оставете ги да се изладат.

Подготовка на филот:

Изматете ја шлаг кремата, а потоа во друг сад изматете го шлагот. Потоа двете соединете ги во еднолична смеса. Со помош на шприц полнете ги профитеролите, или пак пресечете ги и полнете ги со филот.

Подгответе го преливот и прелијте го врз профитеролите.

Напиши коментар