Убавина

Производи за убавина, неопходни за оваа Пролет…

Од летото, нé делат само неколку месеци и додека трепнете, ќе дојде моментот кога ќе треба да го облечете Вашиот костим за капење. Токму сега е моментот кога треба да го подготвите Вашето тело за да изгледате совршено на плажа…

Еве што ќе Ви помогне во сето тоа:

– Крема за сончање – Стручњаците советуваат дека е потребна уште во првите пролетни денови, кога сме изложени на сончеви зраци, можеби не толку силни како за време на Лето, но сепак опасни.

– Средство за пилинг – Брилијантните производи кои ќе ја освежат Вашата кожа можете да ги пронајдете во секоја продавница за козметика, а во тоа ќе Ви помогнат и различните сунѓери и четки благодарение на кои брзо ќе го вратите сјајот на Вашата кожа.

– Препарати за депилација – Ако во Зимата бевте мрзливи и не се грижевте за скриените влакненца, повеќе немате изговор…

– Препарати за стапала – Ни најубавите сандали нема да Ви помогнат доколку имате проблеми со кожата на стапалата. Сепак благодарение на бројните производи, брзо ќе го решите овој проблем.

– Крема против целулит – Иако се знае дека од целулитот лесно не може да се ослободите, од нешто мора да се почне… Длабинскиот третман со помош на антицелулитната масажа и редовното вежбање, ќе направат ова Лето вашата кожа да биде совршено мазна.

Напиши коментар