Мода

Пролет во бело

Освен јаките бои, оваа пролет во тренд е и белата боја. Белата боја симболизира чистина, единство, сигурност, скромност,  а и мажите и жените ја доживуваат како симбол на нежноста и едноставноста. Белата боја посебно одговара на потемнета кожа, а исто така и на личности со светли очи. Белата боја одговара со сите други бои, но најдобрата комбинација е со сина и црвена боја. Одговара и со другите тренди бои, како портокалова, виолетова и други. Можете да ја потполните со маички со принт или со шарен накит. На белата боја и прилегаат и златните детали( ремен, накит, торбица ).

Бела маица, одлично стои на фармерки. Може да се комбинира со  балетанки, за на кафе, а доколку облечете високи потпетици, покрај малку посвечен накит или торба, можете да добиете супер комбинација за вечерно излегување.

Со оглед на тоа дали, се работи за чипка или бела гардероба, овие парчиња се важни за оваа сезона и морате да ги имате во орманот. Набавете за себе , бел чипкан фустан и сигурно, ќе привлечете внимание каде и да се појавите.

 

Write A Comment