Мода

Пролет во црвена и златна боја

Освен силните пастелни бои, оваа пролет најактуелни ќе бидат и црвената и златната боја, кои се присутни на модните ревии на познатите дизајнери, а ги сретнавме и на доделувањето на Оскарите, најголемото модно шоу на светот.

Црвената боја: Црвената боја е боја на страста и љубовта, а најчесто ја носат жени кои сакаат да бидат забележани. Мажите едноставно „паѓаат“ на жени облечени во црвено, бидејќи им изгледаат смело и секси. Црвената боја, освен за вечерни  излегувања може да ја комбинирате и во малку полежерни комбинации, а одлично одговара во комбинација со златна, сребрена, маринско сина, бела и црна боја.

Златна боја: Златната боја е најдрагоцена меѓу боите, исто како што златото е најдрагоцено меѓу хемиските елементи. Кога носите златна боја мора да внимавате на комбинациите, за да не „светите“ премногу. Со оваа боја е лесно да згрешите, па затоа пред да изберете облека во обаа боја, мора да ја пробате и да размислите како ќе ја комбинирате. Кога станува збор за златниот накит, оваа сезона може да си дозволите да се „накитите“, особено ако носите едноставна гардероба во неутрални бои. Златната боја најмногу одговара на жени со потемен тен и темни очи.

Напиши коментар