Убавина

Пролетен тренд – густи шишки

Пролетта е време на промени, а најголемиот број на жени, се одлучува за промена на изгледот. Освен новитетот во орманот, својот изглед жените сакаат да го освежат и со нова фризура…Во главно, тоа и го направија , многу славни дами кои своите фризури ги потполнија со шишки.

Густите шишки, се најновиот тренд на кој не му одолеаа ниту Jessica Alba и Beyonce.

Покрај нив за шишки се одлучија и Reese Witherspoon, Olivia Wilde, Jessica Biel.

Затоа доколку сакате некаква промена , нема да погрешите ако се одлучите за шишки. Убаво ќе го покријат вашето лице и ќе го освежат вашиот изглед. Доколку сакате поголема промена , покрај шишките променете ја и бојата на косата. Потемнете ја или осветлете ја за нијанса или две, нема да погрешите , доколку се одлучите за прамени.

 

Напиши коментар