Погледнете ја најновата колекција на брендот New Yorker наменета за престојната пролетна сезона, која не одушеви со своите силни бои, многуте цветни дезени, чипки и секси фустанчиња.
Доколку сте од оние кои сакаат да изгледаат модерно, но отмено и елегантно, за тоа ќе ви послужат фустаните во пастелни и нежни сладолед нијанси. Доколку се одлучите за моделите во неонски бои, на својот изглед ќе му дадете енергија и младешка разиграност.