Мода

Пролетна колекција на сандали од брендот H&M

Вашите стапала, нека ги красат ременчиња од сите бои.

Поволни во цените, удобни и прекрасни – тоа се некои од карактеристиките на оваа пролетно-летна колекција. Моделите се едноставни во дизајнот и со пудрестите нијанси во боја на кожа, одличен избор се  во комбинирањето со облека предвидена за опуштените мигови. Модели со високи пети и јаки бои, сигурно можат да ја освежат секоја комбинација и да ја направат по атрактивна. Пријатните сандали, со својата минимализација и едноставност во дизајнот се надополнуваат подеднакво и со панталони а и со долгите и разиграни фустани.

 

Write A Comment