Мода

Пролетна разиграна колекција на Сваровски

Компанијата за производство на накит и украси од кристали Сваровски ја претстави својата најнова колекција за престојната сезона пролет/лето 2012 која е насловена како „Swing, Sing and Shin“ (Лулајте се, пејте и светкајте).

Колекцијата содржи навистина интересни парчиња накит кои се одлични за сите свечени прилики, но дел од нив може да ги носите и во секојдневните кежуал варијанти. Од колекцијата особено се истакнуваат обетките направени во боите на виножитото, кои го спојуваат гламурот со ретро шик модата од 60-тите.

Покрај прекрасните ѓердани, колекцијата содржи и интересни прстени, обетки и нараквици во повеќе варијанти, односно со повеќе кристали наменети за свечени настани, и помалку кристали наменети за дневни или пак вечерни комбинации.

Напиши коментар