Bridal

Пролетната колекција на Оскар де ла Рента ќе ве остави без здив!

Како и секогаш, и овојпат гуруто на свадбената модна индустрија, Оскар де ла Рента, остава без здив со својата најнова пролетна колекција за претстојната 2012 година.

За најновата колекција на познатиот дизајнер може да се каже дека е уникатна, а истовремено и сеопфатна, бидејќи нуди венчаници за сите невести со различни вкусови и потреби, а во исто време успеал на сите дизајни да им даде свој препознатлив печат.

Колекцијата нуди венчаници во класичен и романтичен, но и во модерен и бунтовен стил. Оние кои најмногу ни се допаднаа нам се тесните венчаници, бидејќи совршено ја истакнуваат и нагласуваат убавината на женското тело.

 

Напиши коментар