Мода

Пролетни блејзери од ZARA

Што ќе носиме оваа Пролет?

Блејзерите се парче облека кои никогаш не излегуваат од мода. Ги носиме во деловни прилики, но и во ситуации кои преферираат лежерен пристап, а во тој случај, блејзерите се вистински шик додаток. Иако за добар блејзер, во минатото била неопходна одлична кројачка рака, машина за шиење и работа од неколку часа, high street брендовите на пазарот, денес  „исфрлаат“ квалитетно кроени блејзери како „по лента“.

Ако го прашате тимот на ZARA околу тоа какви блејзери ќе бидат популарни оваа Пролет,ќе мора да признаат дека со доаѓањето на потоплите денови, ќе уживаме во разновидни трендови. Нивно заедничко ќе биде струкираниот крој кој овој пат ќе биде во нешто поголема должина, во стилот на „boyfriend“ блејзер, а се останато ќе го диктира модната писта. Дефинитивно, потоплата сезона ќе ја обележи цветниот принт, без разлика дали ќе биде шарен или монохроматски, а тука е и цела низа од смирени до агресивни принтови. Точките и понатаму се „ин“, како и популарните смокинзи.

Ви претставуваме 10 модели на блејзери од новата колекција на ZARA .

Напиши коментар