Мода

Пролетни чевли од „ Zara“

Во уживањето во пролетните радости, се приклучи и „ Zara“, која лансираше нов пролетен lookbоok. Вистинска приказна за себе се новите чевли, кои на едно место нудат повеќе стилови, модели и трендови, па така, успешно мамат новите wedges чевли, сандалите, балетанките, ниските чизмички, чевлите „до глуждот“, и едни од омилените, со поставена платформа.

Што се однесува до застапените трендови, тешко кој може да им одолее. Богатата пролетна колекција изобилува со бои и color block комбинации, елегантни ремени и луксузни златни елементи, брусена и сјајна кожа и металик сјај. Асортиманот кај кого од сезона во сезона се пронаоѓаат бројните љубителки на модата и кој спојува и квалитет и тренд и овој пат ќе биде достапен, преку популарни цени.

Вистинско уживање ќе биде за сите дами, да ги користат првите сончеви зраци со новите парчиња на „Zara“.

Напиши коментар