Sweet Home

Пролетно уредување на градината и терасите

Градината и терасата уредена со многу бои и зеленило може да ве опушти и за момент да заборавите на секојдневните грижи. Направете си своја оаза на мирот каде ќе го пронајдете мирот.

Прво утринско кафе во градината, романтична вечера под свеќи, фамилијарен ручек… толку многу работи може да направите во градината што едноставно ова парче од вашиот дом заслужува да биде направено по ваш вкус.

Штом ќе го видите пролетното сонце спремете се за промени во градината. Обојте ја во зелена боја декорирана со многу различни бои на цветови.

Можете да одберете градина или тераса која изобилува со зеленило или пак шарена градина полна со многу видови цветови.

Искористете го дрвото и каменот при уредувањето, тие може да допринесат многу за убавиот изглед.

Доколку можностите ви нудат, тогаш би било добро дворот да го украсите со мала фонтана или базен кој ќе ви пружи загарантиран мир.

Напиши коментар