Sweet Home

Променете го расположението со бојата на ѕидовите

Не е секоја боја погодна за секоја просторија. Во кујната никако не оди сива, а во дневната темно сина…

Современите ентериери подразбираат употреба на боја и се поретко се случува ѕидовите да останат бели. Но, кога ја бирате омилената боја треба да знаете дека не се препорачува да се стави во било која просторија.

Светли бои

Односно интензивните бои на зелена, сина, жолта и портокалова ќе направат да се чувствувате пријатно. Тие даваат чувство на топлина. Затоа е најдобро да ги имате во кујната или собата за дневен престој.

Темни бои

Темните нијанси на црвена, виолетова, сина, зелена… имаат ограничувачко дејство и не делуваат на зголемување на позитивната енергија. Но, кога ќе се применат на вистинското место или ако се стават само на еден ѕид, тие помагаат за да се зголеми удобноста и сигурноста во домот.

Топли бои

Портокаловата и жолтата може најмногу да допринесат за топлина во домот. Најдобро е да се постават во простории кои се малку осветлени, тие ќе помогнат да се ублажи темнината во просторијата која има недостаток на природна светлина.

Ладни бои

Како што се сината и зелената имаат смирувачки ефект. Затоа се препорачува да ги имате во спалната соба. Ќе ви помогнат да заспиете опуштени и да се разбудите релаксирани.

 

 

Напиши коментар