Здраво тело

Чекор по чекор…долг живот!!!

Едноставни и евтини работи кои носат долг живот и здравје

Кога некој ќе Ви каже „ Прошетај “ , заблагодарете му се, бидејќи подобар совет нема да добиете ни од најдобронамерниот лекар. Постојат многу добри причини за пешачење, а ако Ви треба дополнителна мотивација, тука сме да Ви помогнеме со петте најважни…

1. Пешачењето е едноставно и бесплатно…

Не треба ни посебна опрема, ни подлога, ни прилика. Ако сте возач, паркирајте се нешто подалеку од работното место или некои обврски, извршете ги пешки до целното место. Пешаците би можеле дел од патот да го поминат и без градски превоз. Искористете ја дури и паузата, дури и да не е подолга повеќе од 10 минути. Зошто ? Ќе утврдите во следниве причини.

2. Пешачењето е одлично за срцето

Ако во текот на денот одите само 30 минути, веќе значително сте ја подобриле работата на срцето. Истражувањата покажуваат дека жените што одат брзо, односно 6,4 километри на час и така барем три пати неделно имаат еднаква корист за срцето како и жените кои напорно вежбаат час и пол неделно. И двете групи имаат 30% – 40% намален ризик од срцеви болести, отколку нивните помалку активни врснички.

3.Пешачењето може да го намали ризикот од некои тумори

Постојат докази дека пешачењето и другите умерени активности, ја намалуваат можноста за рак. Студиите покажуваат дека жените кои редовно вежбаат после менопаузата имаат за 30% помал ризик од развој на дојката. Жените кои биле активни во текот на целиот живот имаат за 42% помал ризик од заболување, за разлика од оние кои имале седечки животен стил. Големите студии спроведени во Скандинавија покажуваат дека рекреациските активности донесуваат за 40% помал ризик од рак на дебелото црево.

4. Одењето го зајакнува имунитетот

Ако воопшто не вежбате, се зголемува ризикот од бактериски и вирусни инфекции но и претераните телесни вежби штетат на имунитетот. Совршен компромис се умерените телесни вежби како одењето. Во текот на едно истражување 50 личности биле поделени во две групи. Во едната, испитаниците оделе брзо, 45 минути на ден, 5 пати неделно, додека во другата група воопшто не вежбале. Оние кои оделе имале подобра крвна слика бидејќи имале повеќе клетки кои ги убиваат вирусите и бактериите.

5. Одењето е одлично за мозокот и психата

Се уште се расправа околу тоа зошто физичката кондиција има поврзаност со менталната бистрина. Сепак јасно е дека телесните вежби го подигнуваат расположението, па лекарите ги препорачуваат кај депресивните случаи. Одењето, најверојатно е  совршена активност за ублажување на стресот. Студиите покажуваат дека умерените телесни вежби се поделотворни од оние со поголем интензитет. И само една добра прошетка може да ја намали напнатоста еднакво како и таблета за смирување, а дејството е подолго.

Значи, оние кои пешачат чувствуваат иста корист како оние кои вежбаат напорно и имаат помал ризик од повреди, а повеќе прилики за вклучување во оваа совршена активност.

Напиши коментар