Дестинации

Прошетка за паметење, во најубавата бамбусова шума, Сагано

Бамбусовата шума Сагано се наоѓа во северозападниот дел на Kyoto Basin, Јапонија и зафаќа површина од 16 километри квадратни. Всушност, станува збор за една од најубавите природни ремек дела во Јапонија, можеби не толку поради феноменалната прецизна рака на природата, туку и поради чудесните звуци кои овде се произведуваат како комбинација од ветерот и бамбусовите дрвја.

Дури и Владата во Јапонија го заштити звукот кој го нема во ниту еден дел од светот, како еден од стоте звуци во Јапонија, кои мора да бидат заштитени.

Ова чудесно парче се наоѓа на 30 минути од Кијото, со воз и навистина го заслужува Вашето внимание…

… А зошто да не и прошетка, низ патеките полни со возбуда ???

Напиши коментар