Motherhood

Проверете !!! – Дали навистина сте подготвени за брак ???

Стапувањето во брак е една од најважните животни одлуки и затоа мора да биде мудро донесена за да тој однос  не заврши со неуспех.

За жал, многу бракови денес завршуваат со развод. Брачните терапевти сметаат дека најчеста причина која доведува до развод е таа што бракот е случен поради погрешен мотив.  За да избегнете таква  непријатна ситуација, проверете подобро дали сте подготвени за брак.

ВЕНЧАВКАТА ПОВАЖНА ОД БРАКОТ

На некои жени самиот ден на венчавката им е поважен од самиот брак. Во колку многу повеќе знаете за цвеќето, свирачите или пак менито а не знаете за долгот на платежната картица на вашиот иден сопруг, тогаш дефинитивно  бракот не е за вас.

НЕИЗЖИВЕАНОСТ

Се уште сте „немирни“ и сакате да флертувате? Сакате да го истражувате светот и уште многу да постигнете на професионален план? Ако сте одговореле потврдно, тогаш можеби за вас сеуште не чукнал часовникот за да запловите во брачните води.

ДОВЕРБА

Во  брачниот однос довербата е клучна работа. Ако не можете во потполност да му верувате на својот партнер а и мислете дека малку сомнеж е дури и позитивна работа, тогаш се уште не сте подготвени за брачно заедништво.

ПРЕКРАТКО СТЕ ВО ВРСКА

Колку долго се среќавате? Ако вашиот одговор е помалку од 2 години, одложете ја венчавката.Всушност, статистиките покажуваат дека разводите се почести кај парови кои пред бракот биле заедно помалку од две години.

ПОЗНАВАЊЕ НА САМИОТ СЕБЕ

Ако се спремате да влезете во брак, а сеуште не сте доволно свесни за самите себе и сопствениот систем на вредности, тогаш всушност се согласувате на компромис. Очигледно не верувате во себе, но бракот нема да биде добро решение бидејќи тешко дека ќе го запознаете партнерот кога веќе ни самите не се познавата.*** Неколку погрешни причини за стапување во брак

ПОД ПРИСИЛА

Размислете за причината поради кој сакате да се венчате. Вашата околина го очекува тоа од вас и ве присилува на тоа? Можеби родителите ве притискаат ? А можеби и партнерот тоа многу го сака? Каква и да е причината, бракот на сила нема да успее.

СЕКСИ ИСКРИ

Веќе долго сте заедно, а во сексот исчезнале искрите. Можеби и се убедувате дека е тоа нормално, но ако помеѓу вас ја нема веќе сексуалната хемија, не очекувајте дека тоа едноставно ќе исчезне во бракот.

ЗАВИСНОСТ

Ако еден од вас двајцата има проблем со зависност, бракот не е добро решение. Зависноста е работа која треба секој лично да си ја реши,а бракот нема да придонесе да поволно решение на проблемот. Покрај тоа, не е коректно другиот во бракот да се носи со таков тежок проблем.

НЕ СЕ ГЛЕДАТЕ ВО УЛОГА НА РОДИТЕЛ

Ако не можете да се замислете во улога на мајка, а вашиот партнер сака деца, не би требало да се венчавате додека не се договорете околу таа битна тема. Ако пак се подготвувате да влезете во брак со маж кој веќе има свое дете, добро размислете за тој чекор бидејќи таквиот однос тешко успева.

Напиши коментар