На Твитер е објавена првата фотографија од 6-неделната ќерка на актерот Bruce Willis (57).
– Прекрасен ден во Будимпешта со двете љубови на мојот живот. Тато и Mabel уживаат и се смешкаат еден на друг, – напишала 35-годишната сопруга на актерот, Emma Heming.
Mabel Ray се роди на 1-ви Април и е четврта по ред ќерка на Bruce Willis. Од првиот брак со Demi Moore, тој ги има ќерките Rumer (24), Scout LaRue (20) и Tallulah Bell (18).
Инаку, ова среќно семејство се наоѓа во главниот град на Романија за потребите на снимањето на актерот за филмот „Умри машки 5“. Наскоро се очекуваат да пристигнат и во Белград.