Alessandra Ambrosio гордо го покажа својот син Noah Phoenix!
Првата фотографија од новороденчето е споделена на Твитер профилот на манекенката, а под фотката пишувало „Рачињата на мојот мал ангел“.
Alessandra Ambrosio, која има 31 година, и нејзиниот сопруг, бизнисменот Jamie Mazur го добија второто дете минатиот понеделник. Манекенката се породи во Бразил, каде го роди и првото дете, ќерката Anja која сега има 3 години.
– Noah Phoenix е роден вчера попладне и веќе ги освои нашите срца, – напишала среќната мајка минатиот вторник.