Потполно нов начин да го видете „чудото на животот“ !!!
За да можат да ја проучат интеракцијата на фетусот и мајчината карлица, истражувачите во Породилиштето во Берлин во живо го гледале породувањето на една жена со помош на магнетна резонанса. Снимката е направена во 2010 но дури сега е објавена во јавноста. Ова е прва ваква снимка во светот.
На снимката се гледа напорот ој го дава родилката, контракциите пред самото породување. Потоа снимката е прекината за да не се оштети слухот на новороденчето поради јакиот звук кој го произведува магнетната резонанса како и јаките магнетни полиња кои можат да ги уништат рскавичните делови на телото кај новороденчето.
