Не помина ни месец откако на свет ја донесе ќеркичката Maxwell Drew Johnson, а пејачката и актерка Jessica Simpson и официјално на светот му ја покажа својата најголема радост.
Среќната мајка и малата убавица се најдоа на насловната страна на списанието „People“, а во ексклузивното интервју за списанието, Jessica открива дека животот во целост ѝ се променил откако се родила Maxwell.
– Од тоа како спијам, па сѐ до тоа како размислувам – работите се променија со Maxwell, која владее со сите нас!
Пејачката вели и дека постојано работи низ дома и дека имала проблеми со заздравувањето по царскиот рез. Сепак, најтешко ѝ паѓа кога треба да се оддели од малата:
– Најгрдо ми е кога морам да му ја дадам на Eric – секогаш ми недостига!
Наводно, за ексклузивното право над фотките, списанието платило дури 800.000 долари.