ШоуБиз

Први фотки од синчето на Robert Downey Jr!

Актерот Robert Downey Junior ги воодушеви своите обожаватели покажувајќи им ги првите слики од својот син за време на интервјуто за „U.S. TV“.

Ѕвездата од филмот „Iron Man“ со својата сопруга Susan го добија синчето Exton Elias на 7-ми Февруари. Актерот уште во декември, минатата година се најде во небрано кога во едно интервју го открил полот на бебето, иако сопругата му го забранила тоа.

И овој пат, на шоуто „The Tonight Show“ актерот и покрај противењето на сопругата ги покажал сликите од синот. На една слика ја има Susan како си игра со детето, а на друга се гледа Exton во портокалови панталони.

–          Е, сега сум во невоља. Зарем не е пресладок? – се нашалил Robert.

Напиши коментар