ШоуБиз

Ексклузивни слики од бебето на Бијонсе и Џеј Зи!

Зарем не е преслатка?! R&B дивата Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи решиле да не преговараат за сликите на своето бебе со ниедно списание, ниту пак, со некое телевизиско шоу. Двојката ги објавила првите слики од Ајви Блу вчера и тоа сосема бесплатно за сите свои фанови.

Откако се роди во почетокот на јануари, досега во јавност немаше слики од бебето, а интернетот го преплавија само две слики на Бијонсе по породувањето.

Среќните родители им се заблагодаруваат на своите фанови што досега ја почитуваат нивната приватност, па ова е да речеме, соодветна награда.

Сликите што ги гледате се сликани во болницата во Њујорк каде Бијонсе се породи.

Напиши коментар