ШоуБиз

Прво интервју на Oprah со ќерката на Whitney Houston

За прв пат по смртта на својата мајка, популарната пејачка Whitney Houston, нејзината ќерка Bobby Christina ќе има интервју со Oprah Winfrey.

Во недела, на 11-ти Март, на телевизијата које е во сопственост на Oprah ќе биде прикажано интервјуто кое водителката го водела со Bobby Christina. Бидејќи Oprah е приајтелка со покојната пејачка, лесно успеала да го наговори целото семејство на интервју, а во тизерот се најавува дека Christina ќе зборува за своите спомени, како и за начинот на кој би сакала мајка ѝ да биде запаметена. Потоа се гледа како Oprah ја прегрнува малата кога таа во еден момент се расплакува.

Oprah планира да разговара и со братот на Whitney и неговата жена.

Напиши коментар