Здраво тело

Психијатар!!! Да или Не…

Кај нас психијатарите се уште се табу тема и „невидена“ срамота.. но полошо е што нема знаци дека тоа во скоро време ќе се поправи.

Но морате да знаете!!!… Срамота е да не се лечите и да не побарате помош!!!

Секој има свој лош ден а многумина од нас и лоши недели!!!

Меѓутоа ако сте депресивни и под стрес подолго од месец дена, а тоа почнува да ги пореметува Вашите секојдневни активности, можеби е време да посетите психијатар.

Често психичките проблеми се занемаруваат, но тие се најголем  непријател на вашето здравје. Затоа бидете над другите и бидете оние кои ќе почнат да го рушат митот на психијатарите веднаш штом ги забележите следниве симптоми пред да биде прекасно:

1. Имате чувство дека сте поразени и безнадежни

Животот може да биде тежок, но ако помислите дека немате во што да се надевате, тогаш е вистинското време да поразговарате со некого.

2. Поради својата ментална состојба не сте во ситуација ни да работите ни да се забавувате.

По лош момент во Вашиот живот потребно е да тагувате но и да се прегрупирате. Меѓутоа доколку не можете да се справите со таа ситуација подолго од 6 месеци време е да побарате помош од стручно лице.

3. Тешка несоница

Сите не мачи несоница во определен период од годината. Меѓутоа доколку дојде до значајна промена во навиките за спиење а Вам често Ви се случува да бидете скарани со сонот тогаш бидете присебни и посетете психијатар.

4. Промена на апетитот

Наглите промени на апетитот можат да укажуваат на некоја реакција на вашиот организам. Најпрвин посетете лекар да се уверите дека немате физичка болест, а доколку и потоа забележите дека се уште имате смален апетит кој никако не се поправа тогаш посетете психијатар.

5. Необјасниви промени на Вашето расположение

Доколку подолго од 3 месеци се борите против тагата, бесот и гневот,а притоа не можете да ги контролирате вашите изливи на нервоза кои претходно не биле својствени за Вас време е да побарате помош.

6. Сте го изгубиле интересот и сте се повлекле од активности кои порано Ве радувале

Доколку без некоја причина дури и ирационална како што е стравот, сте се откажале од активностите кои некогаш Ве правеле среќни, тогаш еден разговор со Вашиот психијатар ќе Ви биде од голема полза.

И најлошото!!!

7. Размислувате за самоубиство и начините на кои би го извршиле

Доколку почнете да размислувате дека животот Ви е без вреден и не е вредно да живеете ведаш побарајте професионална помош од психијатар.

Напиши коментар