Боите се во корелација со нашето расположение и чувства. Но, внимателно при изборот на боите во уредувањето. Ова се значењата на боите и каде е најдобро да ги имате:
Црвена
Асоцира на: опасност, страст, енергија, авантура и оптимизам.
Најдобра за: оваа боја е помалку напорна ако ја имате како доминантна боја. Не се препорачува во дневната, кујната и спалната како доминантна боја. Може да ја имате во детали, но никако на ѕидовите. Најдобро одговара во трепезаријата, го стимулира апетитот и го подобрува расположението.
Розева
Асоцира на: љубов, свежина, женственост
Најдобра за: розовата стана многу модерна кога станува збор за уредувањето. Ја имате во милион нијанси. Одлична е за спалната соба на девојките.
Портокалова
Асоцира на: стабилност, топлина…
Најдобра за: дневната и трепезаријата
Зелена
Асоцира на: хармонија, природа, сигурност и баланс
Најдобра за: зелената боја ја зголемува концентрацијата па затоа е најдобра за работната соба, а релаксирачка ќе ја направи и вашата спална соба.
Сина
Асоцира на: слобода, чистота, голем простор, мистичност
Најдобра е за: спалната соба и тоалетот
Жолта
Асоцира на: енергија, сонце, цреативност, топлина
Најдобра е за: кујните, трепезаријата или собите кои се на северната страна од станот.
Виолетова
Асоцира на: креативност, мистичност, сензуалност, луксуз
Најдобра е за: спалната соба
Кафена
Асоцира на: стабилност, пирирода, заштита
Најдобра е за: дневната
Сива
Асоцира на: софистицираност
Најдобра е за: за секоја соба. Може да ја имате како главна боја или во деталите.
Црна
Асоцира на: елеганција, гламур
Најдобра за: оваа боја е најдобра да ја имате во детали. Дури и да се олучите ѕидовите да ги бојадисате во оваа боја, секогаш разбијте ја темнината со некоја светла боја.
