Здраво тело

Психологија на дебелината…

И психологијата веќе подолго време тежнее кон откривање на причината за дебелината, која во многу случаи е прогласена и за нова и сé позастапена болест во 21 век. Така, постојат и психолошки гледишта кои влијаат на намалувањето килограми…

1. Емоционални проблеми од минатото

Можно е нерешените емоционални проблеми од минатото да влијаат на намалувањето килограми. Многу луѓе губат килограми, а потоа повторно ги качуваат. Причината може да лежи во несвесната емоционална поврзаност со тој вишок килограми.

2. Лошото расположение и желбата за храна

Кога се чувствуваат нерасположено, многу луѓе посегнуваат по нездрава храна која нема да им помогне при слабеењето, но ќе им помогне да се чувствуваат подобро. Меѓутоа убавото чувство трае кратко, а долгорочното нé прави несреќни бидејќи не можеме да го намалиме вишокот килограми.

3. Навики

За да направиме промена, мора да ги препознаеме сопствените навики во исхраната, поради кои не можеме да ја намалиме телесната тежина и да ги замениме со нови, позитивни навики.

4. Игнорирање на сопственото тело

Грижата за себе, потребите и желбите за своето тело се важни при процесот на слабеење. Кога го сакаме и го почитуваме нашето тело, важно ни е што внесуваме во него, односно што јадеме.

5. Стравот од иднината

Многу луѓе не сакаат да ослабат поради тоа што вишокот килограми го гледаат како граница помеѓу стариот и новиот живот. Чувствуваат сигурност поради вишокот килограми, а се плашат од неизвесностите во иднината. Самоувереноста е главното решение за овој проблем !

Напиши коментар