Убавина

Психологија на шминката: Карминот испраќа порака… Прочитајте ја !!!

Освен според тенот, карминот се бира и според пораката која мажите ја читаат од усните, силниот ретроцрвен кармин за нив е отворена покана, а розовиот им „ мириса “ на авантура…

Ако имате нежен и светол тен, избегнувајте ги темните, чоколадните односно бордо црвените нијанси на кармин. Предност давајте на нијансите на праска боја и сјаевите со дискретни, природни бои, за усни кои делуваат нежно, какод да не се нашминкани. За гламурозен изглед експериментирајте со нијансите на црвен кармин.

Жените со темен тен се вистински среќнички, бидејќи им одговараат повеќе нијанси. Сепак, убаво би било да се избегнуваат млечните нијанси, бојата на креда кои се премногу контрастни. Поиграјте си со портокаловата, односно коралната боја, а со сјај, постигнете ефект на полни усни. При изборот на совршен кармин имајте на ум и дека со бојата на кармин праќате одредена порака и на припадниците на спротивниот пол. Мажите, бојата на кармин си ја толкуваат на свој начин.

Напиши коментар