Art & Crafts

Психологија на вечните нереди: … Надмудрете ги сите ваши изговори !

Чувањето на нештата кои еден ден би можеле да Ви затребаат или едноставно, Ве потсетуваат на нешто…се оправдувања поради кои нередот едноставно се зголемува …

Перфекционистите го одложуваат чистењето бидејќи се плашат дека резултатите нема да бидат совршени, депресивните – бидејќи се чувствуваат немоќно, а вознемирените тешко ќе се решат од непотребните предмети…Но за сите нив постои нешто заедничко: сите се многу вешти во наоѓањето изговори !

Еден од тие изговори е: „ Најпрво мора да се организирам“…Тоа и не е приоритетно и неопходно, едноставно фрлете се на работа…Не е потребно ни веднаш да се пронајде идеалното место за се. Исто така не е неопходно да ги чувате предметите кои „ еден ден би Ви затребале “. Точно е дека не треба да ги фрлате вредните предмети, но ако „ еден ден “ Ви притреба тегличка од мајонез, шолја со скршена рачка или пластични вреќички…сигурно би се снашле…

Ќе ги облечам овие фармерки кога ќе ослабам…Тесната облека Ве потсетува на фактот…дека сте здебелени. Дали ќе ослабете или не останува прашање и сигурно би било попрактично да купите нови фармерки, отколку да се надевате на оние од пред пет години.

Не можам да фрлам нешто кое ми е подарено од некого…Нема потреба да ги чувате грдите вазни, плишаните мајмуни и книгите кои не ни имате намера да ги отворите. Дури и ако сте ги добиле како подарок а не ги сметате за функционални…подарете ги некому кои сигурно повеќе ќе му се најдат.

Еден ден…сигурно тоа ќе го поправам!…Радиото кое не работи, уништените чевли или расипаната печка, не Ви се потребни. Ако досега не сте ги поправиле, сигурно нема да ги поправите и понатаму.

Сакам тоа да го зачувам како спомен…Не Ви требаат 10 маички за да Ве потсетуваат на средното училиште. Ако сакате да се потсетите на спомените, подобро е да сочувате неколку одбрани ситници.

Сакам да најдам некого кому ова навистина многу ќе го расположи– Подобро најдете еден или двајца благодарни примачи, отколку не го пронајдете „ новиот совршен дом“…бидејќи…нередот се повеќе се зголемува !

Напиши коментар