Здраво тело

Пуканки за здраво срце !!!

Секое отчукување на срцето е повод за радост. Со оглед на тоа дека секој момент на здравје е скапоцен, а животот не е толку толерантен да ги оправда нездравите животни навики, Ви откриваме тајна која ќе помогне на работата на Вашето срце и позитивно ќе влијае на Вашето здравје.

Верувале или не, тајната се наоѓа во пуканките. Не треба да не чуди самиот факт што всушност тие се житарки, кои во својата структура имаат и витамини, растителни влакна и антиоксиданси.

Научниците докажуваат дека формулата на пуканките штити од срцев удар, а за таа цел, доволно е дневно да консумирате 50 грама пуканки. Исто така не ги заборавајте и штетните последици од преголемото консумирање сол, така што, уживајте во нивниот специфичен вкус, посолувајќи ги умерено.

За време на филм, додека разговарате со пријателите, додека учите, или како оброк… Консумирајте пуканки и инвестирајте во здравјето на Вашето срце !

Напиши коментар