Здраво тело

Пуканките содржат повеќе антиоксиданси од овошјето ???

Освен што се извор на растителни влакна, тие содржат повеќе антиоксиданси од одредени видови овошје па и зеленчук.

Тим експерти ги анализирал комерцијалните марки на пуканки и бил концентриран на количината на антиоксидансите полифеноли. Нив можеме да ги најдеме во многу видови овошје и зеленчук, тие ја поништуваат штетата предизвикана од слободните радикали, а така нè штитат и од болести. Експертите констатирале дека 90% полифенол се наоѓа во кората на пуканките, а помал дел и во средината.

Порција од анализираните пуканки тежела нешто помалку, односно повеќе од 28 грама и содржела помеѓу 242 и 363 милиграми антиоксиданси. Порција овошје може да  содржи околу 160 милиграми антиоксиданси. За разлика од таквите полифеноли, оние од пуканките, не се разредени со вода.

Ако уживате во пуканки прелиени со путер или топено сирење, не сте направиле многу. Дури и пукањето пуканки во микробранова печка на масло може да ја уништи нивната здрава слика. Најдобро би било да ги приготвувате на врел воздух.

Напиши коментар