Бидете модерни без премногу труд, со новата колекција Lazy Summer …
Опуштен ,модерен и привлечен изглед и шармантна незадолжителност, спакувани во супер модерни парчиња облека… Животински принтови и освежувачки кроеви… Сето тоа е белег на последното од Pull&Bear, за сите тинејџерки и оние кои сеуште во душата се деца…
Дозволете им на егзотичните нијанси, кратките панталони, маичките без ракави, да Ве потсетат на најуспешните модни моменти од ’90те… Цветните принтови, избледениот џинс и меките материјали, се „ главни виновници “, за чувството на удобност кое го добивате додека Ваша втора кожа е оваа колекција…
Не заборавајте дека возраста понекогаш е состојба на умот… И говор на душата…
Дозволете си младешки изглед без оглед на Вашата возраст…