Здраво тело

Пушачите кои вежбаат живеат подолго, но и полесно престануваат со лошата навика

Поранешните пушачи, кои вежбаат барем 15 минути на ден, ретко се враќаат на старите навики, а очекуваната животна доба им се продолжила во просек за 5,6 години, откриваат студиите.

Освен што ќе бидете во добра форма, со вежбањето ќе се одвикнете од една од најштетните навики- пушењето, тврдат стручњаците.

Кај луѓето кои престанале да пушат, а редовно вежбаат, веројатноста дека ќе се вратат на старите навики е за 43% помала во споредба со оние кои не пушат. Дури и ризикот од смрт се намалил речиси за 43% во однос на телесно неактивните пушачи. Дури и ако не престанале да пушат, но продолжиле да тренираат, нивната животна доба, се продолжува за 3,7 години, потврдува истражувањето.

– Нашата порака е да престанете да пушите и да вежбате. Сакаме пушачите да почнат да вежбаат, за почеток 15 минути, тврди експерт од тимот кој го водел истражувањето, Чи Панг Вен.

Напиши коментар