Мојата кујна

Пуслици – Потсетете се на вкусот од детството !!!

Така едноставни а неверојатно интересни. Брза подготовка за слатко преслатко задоволство.

Една пуслица 25 калории

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 30 пуслици:

2 белки

150 грама шеќер

1 лажичка лимонов сок

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

25 kcal po komadu

Изматете ги белки со лимоновиот сок и постепено додавајте го шеќерот. Матете додека не добиете цврст шлаг.

Шлагот ставете го во шприц за готвење и обликувајте ги пуслиците во големина по Ваша желба. Пуслиците редете ги во плех за печеење претходно обложен со хартија за печење.

Печете ги ( сушете ги ) 1 час во загреана рерна на 130 степени.

Уживајте во слаткото задоволство!!!

Напиши коментар