Дестинации

Qiandao – езерото со илјада островчиња и стари потопени градови

Ова неверојатно чудо на природата се наоѓа во Zhejiang, Кина, на околу 150 километри од градот Hangzhou. Станува збор за вештачко езеро, формирано по завршувањето на хидроелектричната станица на реката Xin’an.  Езерото е преплавено со 1078 островчиња. Познато е по бистрата вода, која понекогаш се користи и за пиење, која се користи за производтво на познатата минерална вода Nongfu.

Qiandao е и дом на бујни шуми и егзотични острови. Она што е мистериозно е интересно се мистериозните градови кои се наоѓаат под езерото, а кои биле потопени. Како предлог на управата во Кина, била изградбата на заштитни ѕидови и транспорт на вода надвор од градот. Сепак, од неа произлезе изградбата на подморницата висока 3,8 метри, направена со цел подводните градови да бидат достапни и отворени и за туристите. Меѓутоа, во последно време локалните власти донесоа забрана за нуркање на подморниците во внатрешноста. Причината е: силните водни текови кои можат да ги оштетат старите градби…

Покрај сé, ова место останува вистински предизвик за љубителите на природата. Необично чудо, малку поинакво парче природа, рај за очите… Место кое вреди да се посети !!!

Напиши коментар