Керозин

Quimera All-Electric GT – за љубителите на адреналинот

AEGT се смета за првото возило во својата класа да работи 100% на електрични батерии и мотори, со перформанси слични или супериорни во однос на конвенционалните возила со внатрешно согорување.

Заедно со помош на Altran, Quimera се разви и изгради секој ќош на AEGT, вклучувајќи ја и шасијата, карбон-фибер телото и се разбира, моторите. AEGT работи на три UQM електрични мотори со 231 коњски сили, со високо-моќни литиум полимер EIG батериски пакувања. Како резултат може да произведе околу 700 коњски сили, а тоа е нездраво брзо за електричен автомобил. Но, станува дури и подобро. AEGT постигнува од 0-100 км/ч во време од само 3 секунди и максимална брзина од 301 км/ч.

Напиши коментар